Околина
Манастирот Свети Наум
Манастирот Свети Наум (9 век) е лоциран на југоисточната страна од Охридското езеро, на 28 км од Охрид во непосредна близина на македонско-албанската граница. Неговото градење е поврзано со името на Свети Наум – верниот следбеник на словенските просветители Св.Кирил и Методиј. Тие во Охрид го основале еден од првите словенски универзитети во Европа. Кон крајот на својот живот, Свети Наум го одбрал најживописниот предел на Охридскиот брег – вистински рај на земјава за да го изгради манастирот кој денес го носи неговото име – Св. Наум, и е погребан таму во 910 година. И ден-денес меѓу локалните жители постои верување дека местото е свето и дека духот на Св. Наум им помага на луѓето кои имаат проблеми со добивањето деца.
Црквата е во форма на впишан крст во квадрат со купола поткрепена од четири столба. Гробот на Свети Наум се наоѓа на јужната страна во посебна одаја. Во црквата не постојат зачувани фрески од времето на Свети Наум. Според написите во црквата фреските се насликани во 1806 година од зографот Трпо, син на мајсторот Константин од Корча, Албанија. Особено импресивни се сцените од животот и чудата на Свети Наум од Охрид.
Иконостасот во црквата е направен во 1711 година. Авторите на истиот се непознати. Тие биле под влијание на копаничарските традиции од Света Гора и направиле вистинско ремек-дело. Иконите од иконостасот: „Распетие“ и „Влегување во Ерусалим“ се сметаат за едни од најдобрите остварувања од првата половина на 18 век.. Исто така, има и два кирилични и еден глаголско-кириличен напис од периодот помеѓу крајот на 10 и 12 век. Овие написи сведочат за развојот на најстарите словенски писма, глаголицата и кирилицата, во охридскиот регион.
Токму поради почитта кон историјата и традицијата, а со цел да не се наруши оваа вонвременска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, Хотелскиот комплекс „Св. Наум“ со својата традиционална архитектура, комплетно се претопува со манастирскиот амбиент, но затоа пак со внатрешниот рустичен и истовремено луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат и најпребирливите гости.
Хотелот располага со шест прекрасни традиционални двокреветни соби, 22 апартмани со незаборавен поглед на Охридското езеро, ресторан со 150 места за седење, национален ресторан „Охридска соба“ и бар. Овде постојано се креираат нови и возбудливи јадења, секогаш од најквалитетна риба и зеленчук, со посебен акцент на традиционалната македонска кујна.
Толку многу убавина, историја и традиција на едно место, надополнето со сместување и услуги со највисоки стандарди е реткост да се пронајде и доживее.
Ова е место каде што ќе најдете мир во кој се спојуваат телото и духот.
Изворите на Црни Дрим
Црн Дрим, што значи „црн елен“ е река која тече низ Република Македонија и Република Албанија. Истекува од Охридското езеро во Струга, Македонија. По приближно 50 километри ја преминува границата со Албанија, западно од Дебар. Потоа се спојува со Бел Дрим кај Кукс за да го формира Дрим, кој се влева во Јадранското море. Преку него истекуваат најголем дел од водите во источниот граничен регион на Албанија.
Најголемата количина вода езерскиот басен ја црпи од водите на Преспанското езеро, како и од реката Црни Дрим, која кај местото Св. Наум се влева во езерото. Во езерцето на изворите на Црн Дрим, најспецифични од животинскиот свет се водните желчиња, кои се многу ретки по својата природа, а во езерцето можат да се видат од јуни до октомври.
Под Галичица извираат повеќе извори коишто површински се влеваат во езерото, а некои од нив се силни, крашки извори. Таков е изворот Острово во близина на Свети Наум. Езерото истекува кај Струга и ја образува реката Црни Дрим. Водата во Охридското езеро се одликува со голема бистрина и проѕирност и се смета за едно од најпроѕирните во Европа и светот.
За Охрид