Добредојдовте во Св. Наум

Свети Наум е свето место, кое зрачи со убавина, култура и традиција

Хотел Свети Наум

Хотел Свети Наум со својата традиционална архитектура, комплетно се претопува со манастирскиот амбиент, но затоа пак со внатрешниот рустичен и истовремено луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат и најприбирливите гости.

Хотелот располага со шест прекрасни традиционални двокреветни соби, 22 апартмани со незаборавен поглед на Охридското езеро, ресторан со 150 места за седење, национален ресторан „Охридска Соба“ и бар. Овде постојано се креираат нови и возбудливи јадења, секогаш од најквалитетна риба и зеленчук, со посебен акцент на традиционалната македонска кујна.

Толку многу убавина, историја и традиција на едно место, надополнето со сместување и услуги со највисоки стандарди е реткост да се пронајде и доживее.

Ова е место каде што ќе најдете мир во кој се спојуваат телото и духот.

Соби

Хотелот Свети Наум располага со 28 соби/апартмани:

Сите соби / апартмани се опремени со прекрасен мебел во традиционално/рустичен стил, повеќето со прекрасен поглед на Охридското езеро, со пространи бањи, мини бар, телефон, сателитска антена, ТВ.