Во боженственото природно опкружување на локалитетот Св. Наум на 28 км. од градот Охрид, помеѓу бескрајното синило на Охридското Езеро и високиот планински масив на планината Галичица, непосредно до најубавите и најголемите извори кои го напојуваат Охридското Езеро, е сместен Хотелскиот Комплекс.
Свети Наум е свето место, кое зрачи со убавина, култура и традиција. Имено, непосредно до Хотелскиот Комплекс Свети Наум се наоѓа еден од најубавите и најзначајните манастири во Охридскиот регион, манастирот Свети Наум 9-ти век, каде се погребани моштите на истоимениот светец Св. Наум - еден од најверните следбеници на првите словенски просветители Св. Кирил и Методиј.
Токму поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши оваа вонвременска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, Хотелскиот Комплекс Свети Наум со својата традиционална архитектура, комплетно се претопува со манастирскиот амбиент, но затоа пак со внатрешниот рустичен и истовремено луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат и најприбирливите гости.
Хотелски комплекс Свети Наум
hotel-stnaum.com.mk